Планинарскиот дом „Смрека“ е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка на 1800 м.н.в. во централниот дел на најголемиот планински масив во Македонија, „Шар Планина“. До него се стигнува преку добар 20-километарски асфалтен пат од градот Тетово.
Вкупниот капацитет на домот е 102 кревета, од кои 95 се регуларни кревети а 7 помошни. Креветите се распоредени во 15 соби од кои 6 се четворо-креветни со купатилa, а останатите соби имаат заеднички купатила (едно купатило на секои три соби).
Домот е отворен преку целата година, во него работи бифе со ресторан со 98 места, диско клуб – пинг-понг сала, перална, ТВ сала. Домот се затоплува со централно греење.
Од домот освен до Четирите централни врва, можни се и планинарски тури по цела Средна Шара.