070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Блог

Совети за планинари почетници

Планинарство April 29, 2017
img

Планинарењето е мелем за душата…Релаксира и ослободува од стрес,пред се пешачењето и качувањето по планините го зајакнуваат организамот и телото. Делува позитивно на емоциите,ја подигнува самодовербата,делува на социјалната сфера на животот,овозможува нови познанства и искуства…

Основни припреми

Планинарењето нетреба да се споредува со обична прошетка во најблискиот парк. Затоа ве советуваме да не се препуштате без предходна физичка подготвеност ни на најмала височина.Опкружени со планинските убавини релативно брзо забораваме на хаотичното и стресно секојдневие, но ни на најниската планина немојте да се опуштате без предходна физичка кондиција…Во прилог на фактите дека и за релаксациско планинарење е неопходна физичка кондиција и обавезен кардиолошко преглед говорат податоците дека на планините се најмногубројни вакви незгоди кои се должат на заморот,физичка исцрпенот како и оптеретување на срцето и крвотокот. Затоа е најдобро пред поаѓање на вакви планински стази добро да ја разгледате планинската карта (мапа),временската прогноза и добро го испланирајте васиот престој во природа.

Што да се облече?

Удобна гардероба која сто не ги ограничува вашите движења. При одбирањето дајте им предност на планинските услови со најпрактична повекеслојна облека, како на пример наместо еден дебел џемпер подобро облечете две тенки блузи. Со вообичајната облека задолжително е да набавите водоотпорна јакна со капа,која што е доволно широка и удобна така што можете лесно да облечите неколку близи под истата.За разлика од облеката чевлите се најбитни во планински услови,и при избирањето дозволете си да бидат што по солидни.Тие мораат да бидат од висок квалитет со робусен материјал и анатомски добро обликувани,како би го штителе стапалата и зглобовите.Најдобро е да ги набавите во специјализирани продавници. Секако во ваква опрема спаѓа и не премал но не и преголем ранец,од водоотпорен материјал и по можност анатомски обликуван. Првенствено во ранецот мора да има кутија со прва помош (со фластери и завои,спреј за рани,средства против опекотини и каснувања од инсекти,таблети против главоболка и за намалување на температурата и сл). Исто така во ранецот мора да има и нож,батеријска ламба,планинарска карта,лични документи,исклучен но наполнет мобилен телефон,и секако во зависност од стазата доволно течности за пиење и храна за неколку малки оброка.

Како да планинарите?

Како би можеле да заштедиде што повеќе енергија прилагодете ги ваштите чекори, колку е по стрма површината вачите чекори нека се што по кратки и мали.Темпото на движење прилагодете го на вашите можности,доколку сте со друштво тогаш ориентирајте се со најбавниот.Отприлика на секои 2ч одморете малку и конзумирајте храна во мали количини (чоколадо,свежо или сушено овошје…) а на секој пола час примајте течности.

Корисни совети за планинари почетници

  • Прилагоди ги своите цели и активности на моменталната кондиција. Секое претерување е опасно.
  • Исхраната базирај ја на комплексни јагленохидрати.
  • Пиј често, но не алкохол за време на тура. Алкохолот ја намалува силата и будноста, па затоа мора да се избегнува за време на тури и качување.
  • Првиот половина час оди полека за телото да се загрее.
  • Одмор, јадење и течности по можност да се конзумира секој половина час. Треба да се јаде малку и да се пие многу дури и кога не сте гладни и жедни (тогаш е поважно тоа).
  • Ако се појават знаци на замор и исцрпеност, одмори се подолго или разгледај ја можноста за откажување од турата. За време на одморот не јади само гликоза, туку и сложени, комплексни јагленохидрати. Доколку имаш знаци на сериозна исцрпеност, можно е да се работи за премрзнатост- хипотермија или за тешка исцрпеност- акутна планинска болест.
  • Децата и старите лица како и лицата кои што боледуваат од хронични болести можат да планинарат но со максимално внимание. Ако постои сомнеж консултирајте лекар.
  • На планинарење на височини над 2500- 3000мнв зголемувај ја висината на која што спиеш, не повеќе од 300мнв во 24 часа. Доколку е можно, не спиј на најголемата висина која си ја постигнал/а тој ден.
  • Дури и во најмалиот ранец има доволно простор за основна опрема. Никогаш не заборавај наочари за сонце, ракавици, капа, бивак вреќа, резервна облека, свеќи и кибрит, светилка и прва помош.
  • Барај совет од искусни локални познавачи на патеката, информирај се за климатските и временските промени пред почетокот на турата.

Извор: http://kineziologija.mk/planinarenje/