Во рамки на фестивалот "Да поШАРаме до Пожаране" со подршка на ДПС Трансверзалец од Скопје беа искачени живописните врвови Голема и Мала Враца со прекрасното Сребрено (Горно Врачанско) Езеро на 18.09.2016 год. Во организацијата на овој интересен хепенинг покрај ДПС Трансверзалец Скопје беа вклучени и нашите вредни домаќини од Месна Заедница-Пожаране, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, ВЕЛОЕВРОПА од Скопје како и ПСК Бистра од Гостивар.