На 20 и 21 август 2016г. десетчлена екипа на ДПС Трансверзалец зема учество на 10- годишниот Меморијален марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2016” организиран од ПК Бел Камен од Радовиш на планината Плачковица. На 20.08.2016 од страна на ДПС Трансверзалец беа одржани обуки за ориентација на патеката која води од планинарскио дом Џумаја по текот на реката Еден Дере се до реката Ломија додека на 21.08.2016 во чест на планинарот Спасов Костаке беше искачен врвот Шилест Чукар (1.440 мнв). Благодарност до организаторите од ПК Бел Камен Радовиш за одличната организација и гостопримството