070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Корабски водопад

На 05 Јуни 2016 ДПСТрансверзалец - Скопје организираше еднодневна акција за искачување до Корабскиот водопад. Корабски водопад или Пројфелски водопад е водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м. Фотографии на Драган Михајлов. https://www.facebook.com/events/732154513591490/


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно