Во периодот од 27 до 29 Мај 2016 год на Попова Шапка беше одржано Државното Првенство во Планинарска Ориентација во организација на ДПС Трансверзалец - Скопје а поддржано од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (FPSM). Планинарска ориентација претставува организиран натпревар во кој треба да се истакнат достигнувањата, знаењата и вештинте за брза и успешена Ориентација, движење и снаоѓање во просторот на непознат ридест или планинаски терен, преку употреба на топографска карта и компас од страна на натпреварувачите. Покрај теренското натпреварување вклучува и теоретско тестирање на знаењата поврзани со ориентирањето во планина како и знаење поврзано со планинарство и планинарски вештини. Планинарската ориентација е спорт кој подолго време не се практикуваше во Р.Македонија. После подолги години застој повторно влезе во пракса по иницијатива на Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (FPSM). Согласно програмата отворањето на првеснттвото се одржи на 27.05.2016 во 18ч. Беше одржан состанок со учесниците на кој подетално беа објанети праилата и пропозициите на натпреварувањето. На 28.05.2016 со почеток во 10ч стартуваа натпреварувачките екипи со разлика на старт од 5 мин помеѓу секоја екипа. Патеката беше поставена со Старт од пред планинарскиот дом Смрека и опфаќаше патеки на движење со различна тежина и технички карактеристик во зависност од категоријата на натпреварување. Регионт на патеката опфати дел од Попова Шапка и висинат накај пределот Јелак. Целта на патеката како и Стартот беа поставени пред планинарскиот дом Смрека. Сите групи се вратија најкасно до 14ч. По краткит одмор во вечерните часови следеа и теоретски тестови поврзани со натпреварувањето. По оценувањето и бодувањето на групите, Комисијата ги прогласи победниците на натпреварт по 20ч. Овој натпревар е изборен за учество на Балканскиот шампионат во екипно, кој ќе се одржи во Словенија 1 и 2 Октомври 2016год. На Балканскиот шампионат ќе учествуваат првопласираните тимови од Државниот натпревар во планинарска ориентација – екипно. На 29.05.2016 по практични вежби и посета на регионот на Јелак, првенството беше и официјално затворено во 16ч. Во Првенството учество земаа екипи од планинарски и ориентациони клубови од Република Македонија. Технички податоци: Поставувач на патека Душко Бошковски Рамер на користена карта 1:25 000 еквидистанца 10м Топографска карта на Попова Шапка Тестови од планинарство и планинарски вештини Натреварување на тимови од 3 члена Категории на натпреварувачи Пионери, Јуниори, Сениори, Ветерани https://www.facebook.com/events/627375157410406/