На 17.04.2016 се одржа еднодневен марш во чест на нашиот драг пријател и планинар Јосиф Илковски. Учество во еднодневната акција земаа околу 200 планинари. Маршрутата на движење с.Горно Количани - планинарски дом Китка - с.Горно Количани. Дел од планинарите го искачија и врвот на Китка. Во 13.30ч. на местото на спомен плочата беше одржана и пригодна беседа за ликот и делото на Јосиф Илковски проследена од страна на Мијалчо Божиновски. Учесниците од тродневниот марш од 60 км кој се одвиваше според маршрутата: с.Ореше-с.Папрадиште- ПД Чеплес - врв Солунска Глава (2541м) - Бегово Поле - ПД Караџица - Преслап - ПД Китка - врв Китка - с.Горно Количани, се приклучија на групата од еднодневниот марш кај планинарскиот дом Китка.