070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Западна Македонска Трансверзала 2016

Западната Македонска Трансверзала која се протега од Љуботен до Охрид во периодот од 02 до 11 Јули 2016 год. беше успешно помината од страна на 10 планинари предводени од ДПС Трансверзалец - Скопје. Трансверзалата поминува низ цела Западна Македонија, преку масивите на Шар Планина, Рудока, Враца, Бистра, Стогово, преку Караорман се до Охрид. И покрај лошите временски услови кои ги следеа планинарите во првите денови тие успеа да ги совладаат сите предизвици и успешно да ја заокружат најдолгата а воедно и најтешка Македонска Трансверзала чија должина изнесува околу 225 км. Честитки за Тимот “Западна Македонска Трансверзала 2016” составен од десетмина исклучителни планинари: Мијалчо Божиновски - Водич Калина Велевска Бобан Стефановски Зоран Тодоровски Бобан Китановски Александар Стерјовски Игор Јанковски Дениз Мехмед Бојан Стојчевски Благоја Пецевски Благодарност до Игор Јанковски за прекрасните фотографии од Западната Македонска Трансверзала 2016.

96 фотографии


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно