070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Плат (2.398мнв), Шар Планина

Врвот Плат се наоѓа во средиштето на Шар Планина, висок е 2.398 метри надморска височина и важи за еден од врвовите со исклучително прекрасен поглед на сите четири страни и врв на кој се изработуваат најубавите фотографии. Врвот Плат е дел од предизвикот „12 Врвови„ организиран од ДПС Трансверзалец -Скопје и беше искачен во Јануари и Април месец 2017г. Искачувањето на врвот беше повторено и на 23.07.2017 ч, прилика за сите искачувачи да ја реализираат оваа цел. Врвот беше искачен во прекрасни временски услови за што сведочат и фотографиите на Елена Велкова.


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно