070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

11/12 Врв Семир Кајас, Беласица (19.08 2017)

Единаесетиот предизвик во рамки на предизвикот "12 Врвови" - ДПС Трансверзалец- Скопје го реализираше со еднодневна и дводневна планинарска акција на 19 и 20.08 2017год. Планинарите кои беа дел од дводневната акција искачија два врва на Беласица, врвот Тумба (1.881 мнв) и врвот Семир Кајас (1.877 мнв). и се приклучија на програмата на домаќините на планинарскиот дом Шарена Чешма, ПАОК Ентузијаст од Струмица на Меѓународната планинарска средба "Балкан без граници" . Учесниците во еднодневната акција го искачија врвот Семир Кајас (1.877 мнв). Фотографии на Калина Велевска, Петре Милошевски, Јоже Карловски,Елена Соколовска


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно