ланинарскиот предизвик “12 Врвови” беше заокружен со искачување на последниот дванаесети врв – врвот Голем Брзовец на планината Бистра. Не случајно датумот на искачувањето беше 08ми Септември, денот на независноста на Македонија со што искачувањето доби празнична симболика. Прекрасните фотографии на Драган Михајлов ќе ве водат низ исклучителните предели на Бистра планина. Трансверзално по патека долга 20 км од селото Тресонче до селото Галичник со маршрута на движење Тресонче - врв Голем Брзовец (2082 м.) - врв Мал Брзовец (1899 м.) - Суво Поле - Ќурков Дол - Селска Ливада (Галичник).