Оваа Сабота (10.12.2016) ДПС Трансверзалец се придружи на акцијата на планинарскиот клуб Јелак - Тетово, во која се движеше по Кралскиот пат, по кањонот на реката Пена. Патеката беше долга 25 км во двата правци со поминување на неколку села, во која што и се одвиваше една акција, изградивме импровизиран мост на Вејачка Река. Акцијата заврши со посета на Тетовското кале и од таму по асвалтен пат се симнавме до Тетово право во една локална Тетовска кафана, каде што бевме многу добро пречекани и услужени. :) Фотографија на Дамјан Карловски