070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

Светски ден на планината 2016

На 04.12.2016 год. Федерацијата на Планински Спортови на Македонија (ФПСМ) како и секоја година ја организираше традиционалната планинарска манифестација Светски Ден на Планината. За Светски ден на планината или Меѓународен ден на планината е прогласен 11 Декември и истиот е востановен во 2003 година од Генералното собрание на Обединетите нации, откако претходната 2002 година беше прогласена за меѓународна година на планините. Планинари и љубители на природата од цела Македонија беа дел од оваа прекрасна манифестација во која се вклучени три планинарски марша: првиот планинарски марш е со почеток од ОУ „Кочо Рацин преку врвот на планината Водно до планинарскиот дом „Матка“, вториот е со почеток од Манастир Св. Богородица преку Св. Спас и Св. Недела назад се до Св. Андреа и третиот марш е со почеток од Матка се до Св.Никола Шишевски. ДПС Трансверзалец зема учествуво во манифестацијата и обезбеди лиценцирани водичи за наведените маршеви. На манифестацијата Светски Ден на Планината од страна на ФПСМ традиционално беа доделени признанија и награди за најуспешните планинари и планинарски друштва. Признанијата ги додели претстедателот на ФПСМ проф.д-р Јовица Угриновски. ДПС Трансверзалец ја доби наградата "Даре Џамбаз 2016" - Награда за планинарско друштво на годината 2016 за придонесот во промоцијата и развојот на планинарските спортови за 2016 година. Наградата е резултат на 50 реализирани планинарскии акции во 2016; достигнување во високогорството со искачувањето на еден од најсуровите врвови во светот - Денали на Аљаска од страна на Илина Арсова; предводење на атрактивната „Прва македонска трансверзала“; воведување на иновативните акции „Планинарски предизвик 12 Врвови„ кои го потикнуваат развојот на помалку познати подрачја во земјава и приденсуваат за развојот на алтернативниот и еко туризамот во земјата; допринос во менторство и обука на нови кадри во планинарските спортови; масовна вклученост на планинарите и граѓаните во акциите на друштвото, преку 60 регистрирани активни членови за 2016 година; и посебен допринос во планинарството со воведувањето на Планинарската ориентација како дисциплина која е од исклучително значење за планинарството во целина.

75 фотографии


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно