070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Истражи ја природата

11-ти традиционален планинарски марш „Борис Трајковски“

ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица 11-та година по ред го организира традиционалниот планинарски марш во чест на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Маршот се одвива во два дела, и тоа: првиот дел од Струмица до Скопје, во должина од 200 километри, се изведува во четири етапи, а вториот дел се реализира со марш на планината Беласица, со должина на патеката од 35 километри, и искачување на врвот „Борис Трајковски – БоТра” на надморска височина од 1880 метри. ДПС “Трансверзалец“ од Скопје на покана на ПАОК “Ентузијаст” од Струмица на 20 и 21 Февруари 2016 г. учестваше на вториот дел од Маршот со дводневно и еднодневно искачување на планината Беласица. Шест члена екипа од ДПС “Трансверзалец“ на 20.02.2016 се искачи од с.Смоларе до планинарскиот дом “Шарена Чешма“ (1300 м). По преноќувањето во планинарскиот дом “Шарена Чешма“ во раните утрински часови со старт во 6 часот го искачи врвот БоТра (1880 м) на 21.02.2016 во 9.30ч. На еднодневната акција на 21.02.2016 учествуваа 20 -тина планинари со старт од с.Смоларе преку планираскиот дом “Шарена Чешма“ го искачија врвот Семир Кајас (1877 м) во 13.30ч.

56 фотографии


Сакаш да посетиш вакви места ? Ајде да планинариме заедно