На 24 Октомври 2015 ДПС Трансверзалец изведе еднодневна акција за искачување на врвот Врвот Плат (2.398мнв) кој е поставен во средишниот дел на Шар Планина. Планинарската акција траеше 7 часа, седумчлената група искачи 600 мнв, од почетна точка планинарскиот дом „Смрека“(1.800мнв) до Врвот Плат (2.398мнв) и назад. Патеката е добро маркирана и прегледна, попатно се поставени и патоказни табли кои служат како ориентир за движење. Маршрута: Планинарски дом Смрека (1800 мнв) - Церипашински бачила (1965мнв) - - Врв Плат (2398 мнв) - Церипашински бачила (1965мнв) - Планинарски дом Смрека (1800 мнв) Водичи: Снежана Бошковска и Душко Бошковски – ДПС Трансверзалец Фотографии: Снежана Бошковска, Димитар Христовски, Александар Лекоски, Мате Ѓорѓиовски