Извештај од Трансверзала Љуботен –Охрид 2015 Обновената традиција продолжува и оваа 2015 година, организирано поминување на Првата Македонска трансверзала Љуботен – Охрид. Во прекрасни временски услови во траење од 9 дена пеш беше помината трансверзалата во должина од над 200 км. Девет дена со осум ноќи преспиени на над 2000 мнв, дваесетина планинари од Македонија и еден од Холандија уживаа во прекрасните планински пејсажи. Погледот од овие висини нема крај, а чувствата се безбројни од сите бои , погледи, впечатоци кои се редат во недоглед од нашата Македонија. Многубројните извори се прекрасен освежувач за душа и тело, а посебно езерата- леднички те мамат да влезеш и го отпливаш тешкото во идилични услови каде посебно адреналински се истакнуваше Марио. Успеавме да видиме и дел од богатата флора и фауна /диво коза. лисица, зајак, срна/и секако разноврсни цветови, чаеви, шумски јагоди, диви цреши и дури две вргањчиња. Искачени беа сите 8 контролни точки, со што се стекнавме со позната трансверзална значка. Се на се прекрасно доживување и причина повеке за догодина да ја продолжиме обновената традиција. Водачи беа Мијалчо и Зоран од Планинарско друштво „Трансверзалец“ од Скопје, во период од 03.07 до 11.07.2015. Да нагласиме дека секој учесник носи со себе цел дом со ранци од 20 до 25 кг.