Маркација - Западна македонска трансверзала. Во периодо од 23 до 31 Мај 2015 ја маркиравме, бележевме, расчистувавме последната третина од Западната Македонска Трансверзала и тоа од врвот Лера до врвот Бабин срт во должина од 68км. Беа поставени 52 столба со 29 патокази и потрошени 9 црвени и 6 бели бои за бележење на патеката. Учествуваа од 6 до 10 планинари во расчистување на поголемиот дел од трасата која се протега по стари патеки, заборавени и напуштени мораа да се расчистуваат со пили рачни и моторни, секири и макази за сечење на дрва. Се работеше од 10 до 15 часови на ден, со голема помош на нашата лада. Остануваат уште две третини од Трансверзалата но времето за високите врвови на Шар планина не е погодно во овој период од годината. Работната атмосвера може да се види од следните фотографии.