Рекреативната осмомартовска акција започна во 8 часот од опсерваторијата Кокино. Силниот ветер не успе да не спречи да уживаме во убавните на Кокино. Од Кокино продолживме во с. Старо Нагоричане каде ја посетивме Црквата Свети Великомаченик Георги и испосницата на Прохор Пчински. Токму во Старо Нагоричане престана да дува и следеа идеални временски услови за пешачење. По едночасовната посета на Старо Нагоричане следеше рекреативна прошетка во траење од 45 мин или 3 км во еден правец од с.Кетеново се до Камените кукли во Куклице. По испешачените 6 км и уживање во Куклице акцијата завршивме со туристички разглед на Кратово и ручек со Кратовска пастрамајлија. Благодарност до туристичкиот водич Lea Bassa која не водеше низ приказните, легендите и значењето на уникатните места кои беа опфатени на оваа акција како и до гостопримството на угостителските објекти во Кратово - Ресторан Пицерија Кузе и Ресторан Александрија во Кратово .