070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Стани член

Како да станам член на планинарско друштво?

За да се стане член на планинарско друштво треба да се сака и почитува природата и планината. Сите љубители на планинарството и планинарските спортови можат да станат членови на планинарско друштво.

Зачленување

Доколку сакате да станете член на ДПС Трансверзалец потребно е и да се уплати Годишна планинарска членарина која изнесува 700 ден. Со истата можете да се стекнете со директна уплата на некоја од турите кај одговорните лица или со уплати преку уплатница (ПП10), примач ДПС Трансверзалец – Скопје, банка на примач – Комерцијална Банка –АД Скопје, и жиро сметка - 300000000307817.

Во Годишната членарина од 700ден е вклучено:

Доколку располагате со планинарска книшка, годишната членарина изнесува 500 ден.

ДПС Трансверзалец е член на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ) .


Зошто да се залчените во планинарско друштво ?

ПРВА ПРЕДНОСТ: со членување во планинарските друштва низ цела Република Македонија станувате дел од големото семејство искусни планинари од секоја возраст.

ВТОРА ПРЕДНОСТ: новите членови на планинарските друштва ќе добијат основна обука за движење низ планина, ментор кој ќе им помага при купување на планинарска опрема и во текот на планинарските акции, книгата „Основи на движење низ планина“.

ТРЕТА ПРЕДНОСТ: 100-тина планинарски водичи, ментори, планинарски инструктори и други стручни лица кои се вклучени во работата на планинарските друштва, ќе ви овозмжат добра подготовка и безбедно движење низ планините. Планинарските водичи се образувани согласно меѓународни UIAA стандарди.

ЧЕТВРТА ПРЕДНОСТ: со членување во планинарското друштво може да учествувате на обуки, во школи, на презентации за безбедно движење низ планини, може да учествувате во планинарски акции за деца и младинци, може да обележувате патеки кои ги одржува планинарското друштво, може да учествувате во акции за заштита на природата.

ПЕТТА ПРЕДНОСТ: со платена членарина членовите на планинарските друштва имаат предност при учество во активности организирани од друштвото: планинарење, планинарско трчање, планинарско скијање, планинарски велосипедизам, планинарска ориентација, искачување на карпи, во Република Македонија и во странство.

ШЕСТА ПРЕДНОСТ: со платена членарина членовите на планинарските друштва имаат попуст на цената за преноќување (во групни соби со повеќе од 4 кревети) во планинарските домови во Република Македонија раководени од планинарските друштва, регистрирани во Федерација на планинарски спортови во Македонија (ФПСМ).

СЕДМА ПРЕДНОСТ: членовите на планинарските друштва регистрирани во ФПСМ имаат право на иста цена за преноќување во планинарските домови во земјите членки на Балканската планинарска унија (Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Грција и Албанија), управувани од планинарските друштва регистрирани во планинарски организации во посочените земји, како и планинарите од тие земји.

ОСМА ПРЕДНОСТ: со платена членарина членовите на планинарските друштва се осигурени од незгода, согласно договорот што планинарското друштво го има склучено со осигурителна куќа. Ќе бидете осигурени од повреда, инвалидност и смрт при планинарење, како и за трошоците за спасување во Република Македонија.

ДЕВЕТА ПРЕДНОСТ: со платена членарина членовите на планинарските друштва можат да ја користат планинарската опрема што ја поседува друштвото.

ДЕСЕТТА ПРЕДНОСТ: со платена членарина членовите на планинарските друштва ќе можат да добијат попуст во продавниците за планинарска опрема, согласно договорот меѓу планинарското друштво и соодветната продавница.

Пополнивте пријава за членство ? Испратете ни ја!