070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

03 Feb

ВОЛЧЈАК на Серта (1159 м.н.в.)   February 03, 2019   Планинарство

На 03.02. околу 80-ина посетители од кои 60-ина планинари и предизвикувачи од Скопје, на кои им се приклучија уште дваесетина планинари од Струмица, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Валандово, Радовиш и Штип го искачија врвот Волчјак на Конечката Планина или Серта. Врвот беше искачен од 2 различни места, па така поголемата група го започна искачувањето од радовишкото село Лубница во областа Лакавица од каде низ долот Пршово и преку преслапот каде беше поставена и патоказна табла заобиколувајќи го гребенот Кошарачки Ливади за околу 4 часа се искачи до врвот Волчак. Втората помалубројна група со планинарите - домаќини од Неготино започнувајќи од неготинското село Калањево и минувајќи низ непрооден терен со грмушки, река и зараснати долови за околу 4,5 часа достигна до врвот Волчјак каде се пресретна со другата група со која заедно за околу 2,5 часа се спуштија до Лубница. Искачувањето се одвиваше низ многу густа магла и многу силен јужен ветер, што ја отежнуваше ориентацијата во просторот и го забавуваше темпото на движењето. По пристигнувањето на крајната цел групата беше пречекана во средновековната црква Св. Стефан изградена во 1377 г., од претставници на Општината Конче кои ни раскажаа подетално за нејзината градба и културно-историското наследство на овој предел, а не пречекаа и со домашна месена пита, блага раванија, јаболка, вино, пијалоци и промотивни материјали на CD и летоци за општината Конче. Денот се заврши со дружба и закрепнување во селото Конче. (Слики на: Бобан Китановски, Марио Шаревски, Пеце Иванов)


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција