3-221-350

Извештај од акција

30 Mar

Отворено Првенство на Скопје во Спортска и Планинска Ориентација   March 30, 2019 - March 31, 2019   Ориентација

Во организација на ДПС Трансверзалец- Скопје и поддршка на Федерација на Планинарски Спортови на Македонија на 30 и 31 Март 2019 година беа одржани натпревари во Спортска и Планинска Ориентација. Натпревар во Спортска Ориентација се одржа во Градскиот Парк Скопје на 30.03.19 – Прво коло дневна спринт трка во која 60 натпреварувачи учествуваа во категориите Ж/М-14, Ж/М-16, Ж/М-18, Ж/М-21, Ж/М-35, Ж/М-45, Ж/М - 55, учество земаа и рекреативци почетници во категоријата Опен. Натпревари во Планинска Ориентација се одржаа на 30.03.2019 Ноќна Трка на Врв Водно, на 31.03.2019 Дневна Трка Врв Водно – Средно Водно. Натпреварите во Планинска Ориентација беа екипни со 3 до 5 члена од Планинарски клуб во Категориите јуниори до 18 години, сениори од 18 до 46 години и ветерани над 46 години. Екипите се натпреваруваа и одговараа на тестови и прашања од прва помош и спасување во планина, ориентација и топографија, врзување на јазли, читање на топографски карти со помош на компас, ориентирање без компас во ноќни и денски услови, одредување на азимут и врзување јазли. Во натпреварувањето учество со свои екипи земаа клубовите Златоврв – Прилеп, Еделвајс Струмица, Ентузијаст Струмица, Јелак – Тетово, Трансверзалец – Скопје.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција