070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

04 Sep

Врв 11 & 12: Стол-Баба & Тепено-Галичица   September 04, 2021   Ориентација

На 04.09.2021 како прва од двете тури предвидени во завршниот настан и викенд на V-та сезона, по сончево и топло време го искачивме врвот Стол на планината Баба. Со бројност од речиси 30-ина луѓе започнавме со искачување од селото Долно Дупени во источен и јужен правец до црквата Св. Богородица од каде навлеговме да се искачуваме по стрмната падина низ шумскиот предел составен од даб, бука, брези, лески. По многу обраснат предел се искачивме и ја пронајдовме некогашната граничарска патека под врвот Црвени Стени од каде минувајќи низ густата шума излеговме под самиот срт и минувајќи под врвовите Цуце и Балтан, достигнавме и го искачивме врвот Стол кој е претпоследен или втор на оваа огранка која започнува, од неговиот непосреден сосед на исток - величествениот врв Ржана или Бојаџиев Врв. По поставувањето на плочата и долгата пауза на сончевото време на врвот слеговме по истата патека до Долно Дупени, каде што на плажата Dupeni Beach го поставивме кампот со шатори, каде што следеше доделувањето на наградите за оваа сезона и луда забава до доцните часови по полноќ.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција