070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

14 Jan

Јосифово, врв Кара Тепе планина Плавуш 4/12   January 14, 2024   Планинарство

Плавуш или Плауш — мала ниска планина што се простира во средишниот и југоисточниот дел на Македонија, претставува западно продолжение на планината Беласица, каде е одделена со падините во селото Костурино и продолжение на Градешка Планина, со правец на протегање СЗ–ЈИ. Највисока точка е котата 997 м. Составена е од амфиболити, кристалести шкрилци и кварцити. Осамените и ниски врвови завршуваат со сиви варовници. Планинските страни спрема Крива Лакавица и Бела Река се терасирани и дисецирани со абразиони и флувијални процеси. На северозапад се соединува со Градешка Планина, а на север се наоѓа реката Водочница и селото Водоча, и планината Смрдеш. На југозапад од Плавуш е областа Бојмија, а на североисток е Струмичкото Поле.
Со убави погледи на реката Вардар, Милкин врв, Брана Водоча и Други врвови.

Акцијата се реализира на преубав сончев јануарски ден. Истата започна од пред џамијата во село Калково. продолжи кон напуштеното село Плавуш, по падините на планината Плавуш до врвот Кара Тепе и местото Каран. планинарите се спуштија кон местото Горна Мала и истата заврши во село Јосифово. Планинарите беа угостени од гостопримството на домаќините во просториите на црквата Успение на Пресвета Богородица во Јосифово, каде се ручаше, се доделуваа награди, и се подели лепче со паричка за сите учесници по повод Стара Нова Година.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција