070-641-998 / 070-317-740 / 070-351-898

Извештај од акција

02 Jun

9/12 сезона 8 врв Среден камен 2465мнв Шар Планина   June 02, 2024   Планинарство

Среден Камен — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.456 метри. Според својата местоположба, се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина, од десната страна на долината во горното изворишно подрајче на реката Пена на огранката која што се одделува од главниот срт на протегање и на која се наоѓаат Титов Врв и највисоките врвови на Шар Планина. Сместен е веднаш во права линија на север од Титов Врв со кој е директно поврзан со стрмен срт и седло високо 2271 метар надморска височина. Од двете страни врвот е одделен со стрмните долини на Лешница (на исток кон Плат) и Крива Шија (на запад кон Кривошиски Врв/Безимен/Чичко Јосиф). Самиот врв кон север во долината на Пена стрмно се изгинува со многу високи карпи поради што тој е именуван и како Среден Камен, бидејќи со целата стрмна и камена (карпеста) северна падина тој е во средина од трите врвови кои се издигнуваат десно над долината на Пена, односно тој е среден од „трите запци“ врвови во долината на Пена зад Титов Врв.
Искачување и природни одлики: До врвот Среден Камен може да се пристапи од Попова Шапка по патеката до врвот Плат и од таму во долината на Лешница под убавиот голем водопад до седлото помеѓу самиот врв кон север (десно) и сртот кој продолжува до Титов Врв кон југ (лево). Среден Камен поради својата привлечност и тешка достапност, не е многу посетуван врв, но тој е постуван при планинското трчање „Лешница вертикал километар“, берачи на боровинки, чаеви и билки. Во процепите на карпестиот предел на стрмната северна падина на Среден Камен, живеат и се забележуваат и мечки, дивокози и друг дивеч, кој во овој непристапен предел со карпи и густа шума во подножјето живее непречно невознемируван од луѓето. Целата северна падина на Среден Камен е целосно карпеста и каменеста со различни процепи и облици, додека западната падина е целосно тревната, а на седлото на неа кое се поврзува со Титов Врв има и постојана локва (бара), додека падината кон Лешница е песеоклива и каменеста, а онаа кон долината Крива Шија е тревната со камења и неколку изворчиња.


ПРЕБАРАЈ АКЦИИ

Статус на акции

  • Идна акција
  • Тековна акција
  • Измнината акција