Бел Камен е простран планински гребен и врв на планината Јакупица во средишниот дел на планинскиот Масив Мокра, во централна Македонија во Велешко. Неговата височина изнесува 1948 метри. Се протега на североисток од планинскиот гребен на кој се наоѓа познатиот врв Кале („Сватови“) со кој всушност се поврзува, а надвиснувајќи се над Јакупички Преслап се одделува од гребените Долна и Горна Јакупица кои кон северозапад се протегаат до Бегово Поле и врвовите Пржал и највисоките Солунска Глава. Целиот предел е извонредно прекрасен со разновидна бујна шума, како и особено голем број на извори на вода на источната падина на Бел Камен од каде што потекуваат неколку рекички во долот над познатото велешко село Горно Врановци каде е испечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, од каде по трансверзална патека може да се пристигне до Горно Јаболчиште на север, но преку Јакупички Преслап од Бел Камен исто така кон запад може да се пристигне и во Нежилово во изворишното подрачје на Бабуна на југозапад.