Барајќи нешто интересно и различно за да го поминеме викендот, решивме повторно да им се приклучиме на ДПС Трансверзалец и да го искачиме врвот Орле (што по карта е 1.480 метри надморска висина и не изгледа многу импресивно, барем за нас шарпланинците :) ) и по (барем според информациите) должина од 11,5 километри по правец.
Вака на „хартија“ не изгледа нешто импресивно, ама ако се знае дека се тргнува од 270 метри надморска, се добива висинска разлика од приближно 1.300 метри, што дефинитивно не е никако за подценување, туку е пристојна планинарска тура.
Се договорив со „мојата екипа“ секогаш расположени за планинарење во било какво време и било какви околности, и решивме да одиме. Во меѓувреме исконтактиравме и со Дамир, кој ни кажа дека и тој ќе дојде со уште еден пријател, така да одлучивме да одиме со две возила.
Сабајлето не испрати магла и дожд кој не престгана да врне цела ноќ. Во Скопје не дочека уште погуста магла, ама барем го немаше досадното дожде. До душа маглата беше толку густа што успеав двапати да го промашам патот. Таму си ја земавме нашата добра пријателка, и се упативме према Тиквешкото езеро.
Маглата почна да попушта некаде после Катланово и после тунелот потполно се повлече и ја замоли пролетно дожде кое во комбинација со сонцето и неговиот одсјај од влажниот асвалт го правеше возењето поприлично тешко.
Во секој случај дојдовме до Тиквешкото езеро и тргнавме по земјениот пат во потера по групата која тргнала малку пред нас. Како што реков, се движевме по земјен пат по кој се слеваше водата од истопениот снег, така да во почеток газевме низ кал. Покасно подлогата се смени во кал помешан со разводнед снег, за таа да ја смени разводнед снег помешан со кал, за да дојдеме до терен каде што газевме разводнед снег. Покасно излеговме од осој, па теренот се промени во обратна насока од горе напошаната, за на крајот да стигнеме во село Шишково (после осум километри пешачење), местото каде што е формирана 41 дивизија. Мора да се признае дека до ова село патит беше благ и не многу напорен.
Таму направивме кратка пауза и тргнавмо по вториот дел од патеката, каде што требаше да се искачиме уште околу 750-800 метри надморска. Излеговме од селото и влеговме во зимзелена шума низ која се движевме накај врвот. За нас шарпланинците беше необично што скоро никаде не излеговме на некоја ливада, целото движење беше низ шумата, и пак беше релативно благо искачување, се додека не дојдовме под самиот врв, каде што за кратко растојание моравме да искачиме висинска разлика од околу 400-450 метри, што морам да признаам ме умори, а баш тоа го барам од планинарењето.
На самиот врв беше прекрасно, од една страна цела Тиквешија се гледаше, додека од друга страна разни (за мене) не знаени врвови и врвчиња. По обавезното фотографирање и малку окрепување, тргнавме надолу. Поради големата фото-сесија што ја имаше нашата другарка, немаше време да јаде, па ја почекав да се окрепи, и како чистач останав на крајот на колоната за да не се случи да ни се загуби некој од групата (имаше доста неисусни учесници во настанот, за теренот беше многу лизгав нарочно на слегување), така да остатокот од „мојата“ екипа мораше да не чека во Шишково, од каде што тргнавме околу четири и пол часот за на браната на Тиквешкото езеро да стигнеме околу седум часот вечерта.
Среќни, уморни и задоволни во секој случај, иако врвот беше некое метро пониско (барем по моето мерење), а стазата некој километар подолга (околу 14 километри по правец).
Не чекаше долго возење за назад, ама и тоа бидна, така да во меморијата ни остана уште една убава авантура со прекрасна екипа.
Извештајот е напишан од Владимир Трповски
GPS записи од турата: